• петок, 21 февруари 2025

Челси го одби Милан, Феликс останува на „Стемфорд бриџ“

Челси го одби Милан, Феликс останува на „Стемфорд бриџ“

Лондон, 17 јануари 2025 (МИА) - Милан го упати своето прво барање до Челси во врска со напаѓачот на тимот Жоао Феликс, но доби одговор дека играчот нема да биде отстапен овој месец, пренесе Џанлука Ди Марцио.

Претходно денеска се појавија информации дека Феликс е алтернативата на „росонерите“ во случај да не успеат да го привлечат Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед. Иако Португалецот сезонава стартуваше само на три натпревари во Премиер лигата, лондончани во моментов немаат намера да го испратат во друг клуб откако за него платија 52,5 милиони евра на Атлетико Мадрид на лето.

Ди Марцио додава дека Рашфорд, исто така, се оддалечува од Милан, но за возврат клубот е се поблиску до потписот на Кајл Вокер. „Ѓаволите“ можат да ангажираат само еден Британец овој преоден рок, а десниот бек на Манчестер Сити засега изгледа како поверојатно ново засилување. дс

Фото: Архива

Остани поврзан