• среда, 25 декември 2024

Чак Хоскин Jуниор: „Џип“ да престане да го користи името „Чeроки“

Чак Хоскин Jуниор: „Џип“ да престане да го користи името „Чeроки“
Оклахома Сити, 23 февруари 2021 (МИА) - Време е „Џип“ да престане да го користи името „Чeроки“ на своите теренски возила „чeроки“ и „гранд“, смета Чак Хоскин Јуниор. Тој, инаку, е поглавица на племето Чeроки во американската сојузна држава Оклахома. - Сигурен сум дека ова е со добра волја, но не чувствуваме чест што нашето име е и име на автомобилот, рече Хоскин. Ова, според познавачи, е првпат Чeроките да повикаат на ставање крај на употребата на името откако „Џип“ почна да го користи тоа име на своите возила во 1970-тите. Кристин Стернс, гласноговорничка на матичната компанија на „Џип“ - „Стелантис“ во Амстердам, изјави дека името на возилото било „внимателно избрано и негувано со години во чест и слава“ на тој американски домороден народ, поради неговата благородност, херојството и гордоста. Таа не кажа дали компанијата веќе размислува за преименување на возилото. Хоскин рече дека најдобриот начин да се оддаде почит на племето во Оклахома е да се дознае повеќе за неговата историја.  си/сд/

Тагови

Остани поврзан