Чавушоглу: Турција поддржува политичко решение на сирискиот конфликт
- Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу

Анкара, 16 август 2022 (МИА) - Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Режимот (сирискиот) не верува во политичко решение, тој верува во воено решение. Трајното решение е политичкото, изјави Чавушоглу во Анкара на прес-конференција со неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевич одржана во Анкара.
Чавушоглу истакна дека Турција верува дека помирувањето е клучот за траен мир во Сирија, додавајќи дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија. ми/