• среда, 25 декември 2024

Чавушоглу: Турција нема да се откаже од набавка на С-400 поради санкциите од САД

Чавушоглу: Турција нема да се откаже од набавка на С-400 поради санкциите од САД
Анкара, 17 декември 2020 (МИА) - Турција нема да се откаже од набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400 и ќе преземе реципрочни чекори откако ќе ги процени санкциите воведени од САД, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Во интервју за ТВ Канал 24, Чавушоглу рече дека одлуката за санкциите е неправилна од правна и политички гледна точка. - Ова претставува напад врз суверените права на Турција, рече Чавушоглу, додавајќи дека мерките нема да влијаат на Анкара. паг/  

Остани поврзан