• вторник, 23 јули 2024

Чави за елиминацијата од Купот: Мирен сум, најважните турнири остануваат. Добро се боревме против одличен тим кој е многу силен дома

Чави за елиминацијата од Купот: Мирен сум, најважните турнири остануваат. Добро се боревме против одличен тим кој е многу силен дома

Билбао, 25 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави е задоволен од настапот на неговиот тимот на натпреварот против Атлетик. Барселона доживеа елиминација од Копа дел Реј, губејќи од баскискиот клуб со 2:4 по продолженија во четвртфиналето.

- Се обидовме. Мислам дека добро се боревме против одлична екипа која е многу силна на домашен терен. Веќе кажав дека од гледна точка на противникот немавме среќа со ждрепката. Ламин имаше шанса да го постигне победничкиот гол. Можеме да бидеме горди што се обидовме. Дадовме се од себе и си заминуваме со кренати глави, бидејќи се боревме со помош на млади играчи. Јас сум мирен. Остануваат најважните турнири, изјави тренерот на Барселона.

Покрај Атлетик, пласман во полуфиналето на шпанскиот Куп досега обезбедија уште и Реал Сосиедад и Мајорка.

Во последното четвртфинале вечер од 21 часот играат Атлетико Мадрид и Севилја. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан