ЦУК: Изминатото деноноќие еден пожар на отворено во Охридско, во Гевгелија пожар на локомотива од воз
- Еден пожар на отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле залено влечно возило - локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Еден пожар на отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле залено влечно возило - локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, вчера од 11:10 до 12:10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во село Рамне.
Од Регионалниот ЦУК Струмица соопштиле дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возила и двајца пожарникари сношти од 00:30 до 01:07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило - локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица. Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува.
Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 1 852 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,62 отсто, а 44,38 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 68,83 отсто, кон итната медицинска помош 28,18 отсто, а кон пожарникарите 1,63 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. дма/са/
Фото: МИА архива