• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Паднати дрвја, оштетени покриви по силен ветер во Скопје

ЦУК: Паднати дрвја, оштетени покриви по силен ветер во Скопје

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжуваат да се евидентираат пријави за опасност од откорнување на покриви и дрвја, по силниот ветер во главниот град на државава.

- Добиена е пријава во врска со три покриви од магацинските објекти на фабрика „Славија“, лоцирани на улица „Жил Верн“ во скопската населба Кисела Вода, за кои постои опасност да се откорнат. Во моментот нема материјални штети и нема повредени лица, појаснуваат од ЦУК.

Пријавено било и дека има бандера од „ЕВН“ во Горно Лисиче, која била многу навалена, поради што граѓани се плашат да не падне. Паднато дрво блокирало и тротоар, кај училиштето „Георги Димитров“ - ГУЦ. Имало пријава во врска со паднати кабли што искрат над куќа на улица „Тодор Чангов“. Паднати дрвја биле пријавени и на булевар „АСНОМ“, на улица „Партениј Зографски“, на булевар „Мајка Тереза“ кај Кардиологија.

Од ЦУК информираат дека има откачен лим од зграда, ризичен да падне, на улица „Орце Николов“, како и откачен лим на објектот на стара „Комерцијална банка“.

-Има пријава за паднати дрвја и повлечени кабли од бандери на улица „Васил Ѓоргов“. Исто така има информација за падната бандера со кабли под напон, но во моментот нема опасност од пожар, нема ниту пречки во сообраќајот во општина Петровец. Позади економското училиште „Васил Антевски Дрен“ има дрво што во секој момент може да се откорне и да падне. Постои опасност за минувачите и возилата што се движат во тој реон. Добиена е пријава во врска со паднати гранки од дрвја што преставуваат опасност по сообраќајот. Истите се лоцирани на „Видое Смилевски Бато“, спорти трговскиот центар „Лиса“ .Во моментот нема повредени лица и материјални штети, наведуваат од ЦУК. бд/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан