ЦУК: Обилни врнежи од дожд во Прилеп, зголемен водостојот на реките и излевање
- Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп. Водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има изливање на реката од речното корито во Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи.

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп.
Водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има излевање на реката од речното корито во Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од Територијалната противпожарна единица Прилеп и ЈП „Водовод“ да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили. ев/
ФОТО: ЦУК