• вторник, 26 ноември 2024

ЦУК: Откачен олук на булевар „АСНОМ“ по невремето во Скопје

ЦУК: Откачен олук на булевар „АСНОМ“ по невремето во Скопје

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.

- Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК - Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион. бд/бак/

Фото: Принтскрин / ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан