• среда, 27 ноември 2024

ЦУК: Активни десетина пожари, дел локализирани или под контрола

ЦУК: Активни десетина пожари, дел локализирани или под контрола
Скопје, 8 август 2021 (МИА) - Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 19 часот на територијата на државата се активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината Китка, кај крушевското село Светомитрани, на две локации во прилепско - кај селата Дрен и Смолане и кај Топлица и кај кумановско Романовце. Дел од пожарите се локализирани или се под контрола. Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле и нови жаришта. Кај селото Разловци на местото викано „Локалица“, пожарот е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот, пак, во атарот на село Разловци целосно е ставен под контрола. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник над месноста Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци. Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна. Од силниот ветер пожарот кој беснее во атарот на Будинарци се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Пожарот се шири без контрола, но поради лошиот терен се интервенира само со помалите цистерни. Штипската противпожарна единица во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на село Драгоево во Општина Штип, каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума. Има сознанија за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе. Пожарот кај Раовиќ–Буковиќ се движи кон сртот и нема опасност за селата. Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа. Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето  „Јасен“, кој пренел дека пожарот е до сртот. Тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Пожарот е на непристапен терен и гори мешана шума, смрека и висока трева, поради што е побарана помош од воздух. Кај пожарот во Катлановско, односно близу Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС „Караџица“ целосно се повлече, Пожар е активен и под Преслап на Китка кон сеслата Црвена Вода и над селото Цветово, од местото викано Празни Торба кон селата Елово и Црн Врв. Од противпожарната единица од Св. Николе е добиено извествање дека во 11.30 часот има повторно зачадување кај Богословски рид. Утврдено е дека поради силниот ветер во внатрешноста на големата опожарена површина чади од недогорените дрвја и нема опасност од повторно активирање Во атарот на село Светомитрани запалено е ѓубре и пожарот е проширен локално. На лице место интервенира екипа на ТППЕ Крушево со едно пртивпожарно возило и двајца пожарникари, еден припадник на МВР и еден вработен во ЈП,,Липа“. Пожарот е локализиран, но екипата останува на терен да ја контролира состојбата. Во Прилепско има два активни пожари на отворен простор. Првиот е во атарот на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума. Пожарот е локализиран ,но екипите се сеуште на терен. Вториот пожар е кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско, кој е реактивиран во 10:10 часот. Таму гори дабова и букова шума и сува трева и огнотс се движи кон атарот на село Крстец. Помал пожар избувна и во атарот на село Романовце, каде е опожарена сува трева, но огнот е локализиран. сп/

Остани поврзан