• четврток, 26 декември 2024

„Црн петок“: Поради грешка со точка-запирка во цената, Мексиканка си купи скутер за 0,69 долари

„Црн петок“: Поради грешка со точка-запирка во цената, Мексиканка си купи скутер за 0,69 долари
Сан Луис Потоси, 2 декември 2020 (МИА) - „Црниот петок“ беше возбудлив за една Мексиканка, која се врза себеси за скутер, бидејќи управата на синџирот продавници „Волмарт“ не сакаше да ѝ го продаде производот по цена од 69 центи... Жената влегла во продавницата во градот Сан Луис Потоси, Мексико, па по долги расправи и расправии уште еднаш се докажа оти „муштериј(к)ата е во право“. Првично, скутерот чини 19.990 мексикански пезоси (околу 1.000 американски долари), но, во периодов на намаленија, по грешка, еден од работниците напишал дека новата цена е 13,999 пезоси, што е еднакво а 0,69 долари. Проблемот настанал кога раководството не сакало да го продаде по таа цена, па жената повикала агент за заштита на потрошувачите. И тој исто така, не успеал да ги убеди вработените во продавницата дека жената е во право. Потоа, таа се врзала себе за скутерот со синџир... Генералниот директор на „Волмарт“ потоа потврди дека скутерот е продаден за 0,69 долари на првиот клиент од многумина што забележале грешка во цената. си/

Остани поврзан