• среда, 25 декември 2024

Црномурестите глумци бараат намалување на инвестициите во полицијата

Црномурестите глумци бараат намалување на инвестициите во полицијата
Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (МИА) - Повеќе од 300 црномурести глумци и продуценти, меѓу коишто и Идрис Елба, Квин Латифа и Били Портер, вчера побараа од Холивуд - наместо во полициски содржини и во полицијата, да вложи во антирасизмот. Во отворено писмо, потписниците повикаа да се стави крај на величењето на полициското насилство. Тоа е објавено од групата „Холивуд за животите на црнците“, за време на судирите во САД поради масовните протести против полициската бруталност и системскиот расизам. Од Холивуд е побарано да се престане со ангажманот на полицајци на сцената и поголем притисок врз градските власти во Лос Анџелес за да ги намалат инвестициите во полицијата. Тие исто така бараат во филмските студија да вработат повеќе црнци на извршните места. Претходно овој месец, долгогодишните полициски ТВ-емисии „Полицијата во живо“ и „Полицајци“ беа откажани. Истражување на Универзитетот на Калифорнија објавено во февруари открива дека глумците црнци имале 27,6 отсто од главните улоги во најпознатите филмови во 2019 година. Тоа е трипати повеќе отколку во 2011 година. Како што посочуваат официјалните податоци, раководителите на филмски студија биле 91 отсто белци, односно 82 насто мажи.  си/

Остани поврзан