• среда, 25 декември 2024

Црна Гора: Во македонски автомобил запленети 12 килограми хероин

Црна Гора: Во македонски автомобил запленети 12 килограми хероин
Подгорица, 23 февруари 2020 (МИА) - По повеќемесечна заедничка активност на полициите на Црна Гора и на Северна Македонија, на граничниот премин Кула денеска во македонски автомобил се запленети околу 12 килограми хероин и уапсени се две лица. Како што соопшти Полициската управа на Црна Гора, на царинскиот премин Кула на црногорско-косовската граница, била извршена контрола на возило марка „Хјундаи“ со регистарски таблици на Северна Македонија, со кое управувал А.А. (28) од Скопје, а на совозачкото место се наоѓала И.С. (23), исто така, од Скопје. - По деталниот преглед на возилото, во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин, се наведува во соопштението. Со полициската акција е пресечен шверцерски канал, преку кој од правец на Северна Македонија, хероин од Косово, преку територијата на Црна Гора, се пренесувал кон земјите од Западна Европа. Се претпоставува дека во конкретниот случај дрогата била наменета за Италија. Согласно координираните активности, се додава во соопштението, во Северна Македонија во тек се претреси на повеќе локации и се врши идентификување, лоцирање и процесуирање на останати учесници, кои, како што постои сомнеж, се вмешани во орагинизирано криумчарење хероин преку оваа рута. гт/

Остани поврзан