Црна Гора: Уапсен помошникот директор на Полициската управа за борба против организиран криминал
- Помошникот директор на црногорската Полициска управа за борба против организиран криминал Дејан Кнежевиќ е уапсен под сомнение дека е поврзан со дел од неодамна уапсената група која Специјалното државно обвинителство (ССТ) ја товари за создавање криминална организација и шверц на дрога.

Подгорица, 22 март 2023 (МИА) - Помошникот директор на црногорската Полициска управа за борба против организиран криминал Дејан Кнежевиќ е уапсен под сомнение дека е поврзан со дел од неодамна уапсената група која Специјалното државно обвинителство (ССТ) ја товари за создавање криминална организација и шверц на дрога.
Државниот обвинител и портпарол Вукас Радоњиќ за медиумите изјави дека Кнежевиќ е уапсен поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело создавање злосторничка организација и други кривични дела.
Како што беше соопштено претходните денови, во кривичната пријава се опфатени 17 лица, од кои повеќето поранешни и активни полицајци. ссм/