• понеделник, 23 декември 2024

Црна Гора под епидемиолошки надзор по нови случаи на Кју треска

Црна Гора под епидемиолошки надзор по нови случаи на Кју треска

Подгорица, 17 септември 2024 (МИА) - Во Црна Гора е пријавен уште еден случај на зараза со Кју треска, што е трет случај во последните неколку дена, соопштија од Институтот за јавно здравје за ТВ Вијести. Според епидемиолозите, засега не е утврден контакт со заразени животни.

Претходно беа пријавени два случаи на зараза во Даниловград, а бројот на заразени се очекува да се зголеми, особено кај луѓето кои биле во контакт со болни животни.

Властите во Црна Гора спроведуваат епидемиолошки надзор врз 28 лица, а голем број заразени говеда се еутаназирани.

Екологистите тврдат дека „инфекцијата се раширила меѓу добитокот, бидејќи биле потребни повеќе од 20 дена за да се усмртат и правилно да се закопа добитокот, бидејќи Црна Гора нема ниту крематориу, ниту гробишта за добиток каде што може да се фрлаат животински трупови“.

Кју треската е болест предизвикана од инфекција со Coxiella burnetii, бактерија која ги погодува луѓето и животниte. Овој организам е невообичаен, но може да се најде кај говеда, овци, кози и други домашни цицачи, вклучувајќи мачки и кучиња. Инфекцијата е резултат на вдишување на варијанта на мали клетки слични на спори и од контакт со млеко, урина, измет, вагинална слуз или сперма на заразени животни. Ретко, болеста се пренесува преку крлежи. Периодот на инкубација може да се движи од 9 до 40 дена. Луѓето се ранливи на Кју треска, а инфекцијата може да биде резултат дури и на неколку организми. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан