• среда, 25 декември 2024

Црковна богослужба во Делчево по повод празникот „Раѓање на Св.Јован Крстител"

Црковна богослужба во Делчево по повод празникот „Раѓање на Св.Јован Крстител
Делчево, 7 јули 2022 (МИА) - Во Делчево се одржа црковна богослужба по повод празникот „Раѓање на Св.Јован Крстител". Со богослужбата чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г-н Иларион, кој посочи дека денеска се слави човекот кој е од големо значење за човечкиот и целиот христијански род. -Денес е ден посветен на светителот кој има преголема слобода пред Бога  да се моли за сите нас. Нека им донесе на сите луѓе  здравје и благослов. Посакувам сите луѓе да живеат во радост, мир, во љубов и  покајание, рече владиката Иларион. Тој ја поздрави иницијативата за доградба на дел од соборниот храм „Св.Кирил и Методиј" која се реализира со поддршка на хумани граѓани, а во чии рамки се гради административна зграда за свештениците и ново крстилно. -Ова што се гради е продолжување на она што е започнато и покажува дека овој народ не само кога имал страдание и маки и кога бил во ропство, туку секој пат си ја сака својата црква која како што е сега случај ја гради и доградува. Оваа административна зграда е многу потребна бидејки тука треба да бидат свештениците да дежураат, воедно треба да се направи и крстилната и на тој начин верниците ќе имаат простор каде ќе ги договараат своите обреди, додаде г-н Иларион. Во изминатите две години соборниот храм „Св.Кирил и Методиј" доби нова фасада, а со помош на донации од хумани граѓани нејзината изградба продолжува и во наредниот период. вс/рп/

Остани поврзан