• сабота, 23 ноември 2024

Црвен крст Делчево одржа работилница за млади за „Доброволното крводарителство" 

Црвен крст Делчево одржа работилница за млади за „Доброволното крводарителство

Делчево, 13 ноември 2023 (МИА) - Општинска организација на Црвен крст Делчево во соработка со Гимназијата „Методи Митевски Брицо", денеска одржа едукативна мотивациска работилница на тема „Доброволно крводарителство". 

Во рамки на настанот, учениците од четврта година од страна на трансфузиолот д-р Виолета Ѓоргевска се запознавале со бенефитите од крводарување и критериумите да се биде крводарител.

-Крв може да дарува секое здраво лице на возраст од 18-65 години. Мажите даруваат крв на секои три, а жените на секои четири месеци. Доброволни дарители на крв се лица кои дарувсат крвни компоненти на доброволна база. Основните принципи на крводарувањето се доброволност, анонимност и бесплатност, истакна Ѓорѓевска пред присутните ученици.

Таа потенцира дека во Делчево, крводарителска акција се реализира еднаш месечно.

-Нашата Општинска организација е меѓу оние кои редовно го исполнуваат годишниот план за крводарување. Така е и годинава, иако има уште една крводарителска акција до крајот на годината. Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите хумани граѓани кои учествуваат во креирањето на тој годишен план, рече Ѓорѓевска.

На крај од денешниот настан, таа упати покана до сите млади да ја искористат шансата и да учествуваат на последната крводарителска акција, која ќе се одржи првиот четврток во месец декември. вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан