Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
- Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен аларм.
Загреб, 12 јануари 2025 (МИА) - Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен аларм.
Црвениот аларм важи за Истра, Кварнер и регионот Велебит.
Автопатите меѓу клучките Свети Рок и Поседарје, Јадранската магистрала меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, Масленица-Затон Обровачки и обиколницата Омиш се затворени за секаков сообраќај.
Во прекин се и бројните линии на траекти и катамарани.
Невремето се очекува да се смири во текот на утрешниот ден. паг/
Фото: МИА архива