• недела, 24 ноември 2024

Црвенковска за МИА: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата

Црвенковска за МИА: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Десеттата генерација на судии во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), треба за брои 150 слушатели. Ова е официјалното барање кое Судскиот совет на Република Северна Македонија го има доставено до челниците на АСЈО, заклучно со 31 март годинава. Претседателката на Судски совет на РСМ, Павлина Црвенковска, во интервју за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видео материјал, изјави дека ова барање е поднесено врз основа на анализа и проекција за слободни судски места. - До 31 март донесовме одлука со што баравме 150 слушатели, оваа е многу висока бројка. Се работи за десеттата генерација. За деветтата генерација минатата година донесовме одлука за 55 слушатели, рече Црвенковска. При составувањето на официјалното барање се воделе од измените на Законот за работни односи и од проекците, според кои големиот број судии ќе заминат во 2022, 2023, 2024... -Проекциите кои што ги имаме направено за следните пет години е дека ќе се јави реален недостиг на судии. Затоа бројката е навистина висока за разлика од таа што претходните години сме ја барале од Академија, рече Црвенковска. За тоа дали нивното барање ќе биде усвоено или не претседателката Црвенковска немаше одговор, но наведе дека единствен проблем се просторните, финансиските и кадровските можности на Академијата, а не дека не постои добра волја од страна на Академијата за волкав број на слушатели. - Се надевам дека Академијата со помош на извршната власт ќе успее да ги обезбеди сите неопходни ресурси за да може од десеттата генерација да излезат кандидати за 150 судии, изјави Црвенковска. оџ/ац/

Остани поврзан