• понеделник, 23 декември 2024

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Осуда на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески и поддршка за спротивставувањето на пратениците на уставните измени

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Осуда на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески и поддршка за спротивставувањето на пратениците на уставните измени
Скопје, 22 јули 2022 Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница во Велес, на која се дискутираше за актуелните политички случувања во државата. На седницата се донесоа два заклучоци: 1. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува атакот и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески изразен преку палење на неговиот автомобил, како и палењето на автомобилот на началничката на секторот за урбанизам во општина Прилеп. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара подитно да бидат изведени пред лицето на правдата не само сторителите туку и организаторите на тој дрзок и криминален чин, а кои се наоѓаат во врвот на власт, да не се замајува јавноста со периферни ликови кои треба да служат за алиби и одолговлекување на вниманието од вистинските сторители и инспиратори. 2. Централниот Комитет дава целосна и силна поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во нивната одлука да се спротивстават на Уставните измени како еден од најзначајните механизми на спречување на процесот на идентитетско обезличување и асимилација кои ги прифати антимакедонска власт на предавникот Ковачевски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан