• среда, 27 ноември 2024

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицковски да преговара за формирање ново парламентарно мнозинство

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицковски да преговара за формирање ново парламентарно мнозинство
Скопје, 21 јули 2020 (МИА) - Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја потврди одлуката на Извршниот комитет да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство. Претседателот на статутарната комисија на партијата Панче Тошковски вечерва по завршувањето на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека одлуката е донесена едногласно. Покрај ова, на вечерашната седница на Централниот комитет е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата кои, како што посочи Тошковски, се во насока на поголема демократизација на партијата. Една од измените е тоа што се ограничува мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандати и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на конгрес. Новина е и тоа што барање за одржување на вонреден конгрес ќе може да поднесат една половина од членовите на Централниот комитет, а не како досега две третини. Измените предвидуваат и рамноправна застапеност на мажите и жените во органите на партијата. - ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на Балканот која со Статут го ограничува бројот на мандати на високи функционери на партијата, а ова ограничување се пднесува и на претседателот на партијата. Во иднина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор и евентуално би можел да добие и трет мандат само доколку биде поддржан од две третини од членовите на конгресот, изјави Тошкоски. Статутот, како што рече, не предвидува почесни претседатели. - Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели, изјави Тошкоски. бак/гв/  

Остани поврзан