• среда, 27 ноември 2024

Циципас му се заблагодари на својот татко за тренерското партнерство

Циципас му се заблагодари на својот татко за тренерското партнерство

Атина, 9 август 2024 (МИА) - Грчкиот тенисер Стефанос Циципас потврди дека повеќе нема да тренира под водство на својот татко Апостолос Циципас.

- Со тешко срце објавувам дека моето тренерско партнерство со татко ми заврши. Повеќе сакам да биде со мене само во улога на татко. Во изминатите неколку години, тој се обиде да ме тренира, да ме подигне на вистински начин и да ми даде знаење и мудрост и на теренот и надвор од него. Јас сум му благодарен за ова. Му благодарам за жртвите, болката и страдањето што ги претрпе за да постигнам успех, напиша Циципас на социјалните мрежи.

Тенисерот истакна дека ја смета за успешна соработката со неговиот татко. 

Според Гркот, Апостолос ќе продолжи да патува со него за да му помогне надвор од теренот.

Во четвртокот, 8 август, по поразот од светскиот рекет број 576, Кеи Нишикори од Јапонија во второто коло на турнирот во Монтреал, Циципас го критикуваше својот татко и рече дека заслужува тренер кој ќе го сослуша и слуша. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан