• вторник, 24 декември 2024

Ципрас и Андрулакис ја поздравија победата на Лула на претседателските избори во Бразил

Ципрас и Андрулакис ја поздравија победата на Лула на претседателските избори во Бразил
Атина, 31 октомври 2022 (МИА) – Лидерите на грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на Промена Алексис Ципрас и Никос Андрулакис преку нивните официјални Твитер профили ја поздравија победата на Луис Инасио Лула да Силва на претседателските избори во Бразил, истакнувајќи дека e победа на демократијата и социјалната правда, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас испрати честитки до Лула и порача дека „победата над екстремната десница, и покрај сите пречки, е победа на демократијата/социјалната правда и борбата на левичарските и прогресивните сили ширум светот“. Лидерот на ПАСОК- Движење на промена напиша дека победата е „знак на надеж за народот на Бразил, надеж за почитување на демократските институции, владеењето на правото, но и за поголема социјална правда“. Додаде дека поразот на Болсонаро го отвора патот за подобра и искрена соработка со Европската Унија. ср/зш/

Остани поврзан