• сабота, 23 ноември 2024

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата
Атина, 27 јануари 2022 (МИА) – Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“. Владата на Нова демокрартија во Парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство. ср/

Остани поврзан