ЦЕО ја повика хрватската Влада да се откаже од одлуката за враќање на задолжителниот воен рок
- По изјавата на министерот за одбрана Иван Анушиќ дека во Хрватска се е подготвено за враќање на задолжителниот воен рок и дека се чека само политичка одлука, Центарот за економско образование (ЦЕО) ја повика Владата да се откаже од оваа, како што велат, штетна одлука

Загреб, 26 јуни 2024 (МИА) - По изјавата на министерот за одбрана Иван Анушиќ дека во Хрватска се е подготвено за враќање на задолжителниот воен рок и дека се чека само политичка одлука, Центарот за економско образование (ЦЕО) ја повика Владата да се откаже од оваа, како што велат, штетна одлука, а во спротивно најави законска постапка вклучувајќи и предлог за уставна оценка, тужба до Европскиот суд за човекови права и јавни протести.
Граѓаните, граѓанските организации, синдикатите и здруженијата на работодавачи се поканети да се приклучат на петицијата против воведувањето задолжителен воен рок.
ЦЕО соопшти дека петицијата може да се потпише на интернет адресата vojnirok.hr. паг/
Фото: МИА архива