• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Централна свеченост по повод 149 години од Разловечкото востание утре во делчевското село Разловци

Централна свеченост по повод 149 години од Разловечкото востание утре во делчевското село Разловци

Делчево, 19 мај 2025 (МИА) - Делчево и село Разловци се подготвуваат за одбележување на 149 години од Разловечкото востание. По тој повод утре Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево организира централната свеченост во Разловци со почеток во 12 часот, на која е најавено присуство и н владина делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Под мотото „149 години од Разловечкото востание – храброста што ја обликуваше нашата историја“ со длабока почит кон македонските борци за слобода, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Ве поканува на централната свеченост по повод годишнината од Разловечкото востание. На настанот ќе присуствува владина делегација предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, што ја потврдува важноста на овој историски јубилеј за државата и народот, се вели во официјалната покана за настанот.

Во рамките на одбележувањето ќе се одржи и богата културно-уметничка програма, со настапи кои, како што додадоа од установата, ќе ја одразат традицијата, духот и борбеноста на македонскиот народ.

Настанот ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура и туризам. вс/вј/

Фото: НУЦК ,,Н.Ј. Вапцаров" Делчево 

 

Остани поврзан