• среда, 27 ноември 2024

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Тирана, 23 март 2023 (МИА) -  Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматнастапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност  во земјата, јави државната агенција АТА.- Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија  ја зголеми основната каматна стапка на три од 2,75 проценти колку што изнесуваше. Ја зголеми и основната каматна стапка на еднодневните депозити на два од 1,75 проценти и еднодневен кредит во Централна банка на 4 од 3,75 проценти, изјави гувернерот  Гент Сејко.Ова движење, рече Сејко, доаѓа како мерка во "согласност со  нашите досегашни комуникации и во согласност со последните движења на главните централни банки".- Идниот став на монетарната политика ќе се предводи од новите податоци, а особено од билансот на инфлаторните притисоци, одржливоста на економскиот раст и другите показатели за економско-финансиското здравје на земјата, најавил гувернерот.Посочил дека инфлацијата се намалила во првите два месеца од годинава, при што во јануари и февруари бележи соодветни вредности од 7,2 односнои 7,1 процент.- Надолниот тренд на инфлацијата, почнат од ноември минатата година, беше во согласност со нашите очекувања. Сепак, нивото на инфлација во првите два месеца од годината беше над очекуваното, нагласил гувернерот.

Од перспектива на потрошувачката кошничка, оценува тој,  падот на инфлацијата бил диктиран од побавниот годишен раст на цените на нафтата и храната, во согласност со движењата забележани на меѓународниот пазар. вт/сд/

Остани поврзан