• среда, 25 декември 2024

Цените на плинот на европските берзи во пораст

Цените на плинот на европските берзи во пораст

Лондон, 23 февруари 2022 (МИА) - Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ.

Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час.

Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто.

Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот 'Северен поток 2' е замрзнат“.

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти. паг/

Остани поврзан