• среда, 27 ноември 2024

ЦЕМИ: Излезноста на изборите во Црна Гора до 17 часот изнесува 42,2 отсто

ЦЕМИ: Излезноста на изборите во Црна Гора до 17 часот изнесува 42,2 отсто

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - На вонредните парламентарни избори во Црна Гора излезноста до 17 часот изнесува 42,2 отсто од гласачите, соопшти Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Според податоците на невладината организација, во северниот дел на Црна Гора до 17 часот гласале 44,5 отсто, во централниот дел 44 отсто, а во јужниот 36,1 отсто.

Излезноста на парламентарните избори во 2020 година во истиот период беше 68,4 отсто, а во 2016 година 61,2 отсто.

Во првиот круг од претседателските избори во мај до 17 часот на гласање излегле 52,4 отсто од гласачите.

Раководителот на Правниот оддел на ЦЕМИ, Огњен Митровиќ, изјави дека до таа невладина организација до 17 часот биле доставени 61 пријава за неправилности. сд/

фото: архива

 

Остани поврзан