Целје прв финалист на Струшкиот ракометен турнир
- Целје е првиот финалист на 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го совлада македонскиот шампион Вардар со 36:28 (17:17).

Струга, 18 август 2022 (МИА) - Целје е првиот финалист на 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го совлада македонскиот шампион Вардар со 36:28 (17:17).
Претходно екипата на Еурофарм Пелистер минимално го победи Татран Прешов со 25:24 (11:10) и во утрешниот натпревар со реми или победа против грчкиот вицешампион АЕК ќе игра во саботното финале на турнирот.
Во мечот меѓу АЕК и РК Струга, грчкиот тим убедливо го совлада домаќинот Струга со 30:15 (15:5). Најефикасен кај грчкиот претставник беше Живковиќ со шест погодоци, кај домаќинот на турнирот најпрецизни беа Бобан Блажески и Петар Маркоски со по три погодоци.
На Меѓународниот ракометен турнир во Струга денеска присустуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски. сс/зс/

