• сабота, 14 февруари 2026

Целодневна програма за Свети Трифун во Велес

Целодневна програма за Свети Трифун во Велес

Велес,14 февруари 2026 (МИА) - Под мотото “Бериќетно лозје за чаша добро вино. На здравје! “ Општина Велес трета година по ред во Младинскиот парк во Велес  со богата програма организира целодневно заедничко чествување на Свети Трифун, заштитникот на лозјата и виното, кое ќе биде во знакот на квалитетни вина, вкусна храна и одлична музичка програма, најавија од Општина Велес.

Програмата ќе започне  точно на пладне во Младинскиот парк со настап на Фолклорниот ансамбл "Вила Зора", Потоа ќе настапат најмалите од Детскиот хор "Св.Кирил и Методиј", следуваат настапите на Ансамбл "Керамичар", Велешка чалгија, КУД "Коле Неделковски", „Стакато Бенд“, „Екстрим Бенд“, а на крај ќе настапат  Игор Димовски- „Пауза за ракија“ и групата „Љубојна“ како последна некаде околу 21 часот.

За гастрономскиот дел од чествувањето на  Свети Трифун  ќе се погрижат „Old School“, „Винарија Тристо“, „Wine Gallery“, „Ricco“ и „Refresh Bar“.

Општина Велес ги повикува сите жители на населените места од општината како и од други градови да дојдат и заеднички да уживаат во богатата програма и најдобрите македонски вина. ад/аа/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан