• сабота, 21 декември 2024

ЦДЦ: Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза 

ЦДЦ: Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза 

Вашингтон, 22 октомври 2021 (МИА) - Бројот на Американци кои добиваат засилувачки вакцини против коронавирус е двојно поголем од бројот на оние кои ја добиваат својата прва доза, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), јави денеска Вашингтон пост. 

За изминатата недела заклучно со четврток, дневниот просек на луѓе во САД кои добиле засилувачки вакцини изнесува околу 340.000, додека дневниот просек на оние кои што ја добиле првата доза за истиот седумдневен период изнесува 157.605 лица. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бројките го покажуваат процепот во вакцинацијата меѓу Американците. Оние кои веќе примиле две дози се одлучуваат на дополнителна заштита од Ковид-19 со бустер вакцина и оние кои само што одлучиле да се вакцинацират за првпат, но и милиони луѓе низ САД кои не се воопшто вакцинирани, што претставува предизвик во постигање заштита од коронавирусот за сите. 

Според статистиката на весникот, околу 66 отсто од населението во САД (219 милиони луѓе) добиле најмалку една или две дози од вакцината, додека речиси 50 отсто од популацијата добиле две дози. кб/паг/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан