• понеделник, 23 декември 2024

„Цветинова награда за мир“ за 77. роденден на „Нова Македонија“

„Цветинова награда за мир“ за 77. роденден на „Нова Македонија“
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски - Цветин денеска ќе врачи „Цветинова награда за мир“ за 77-от роденден на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“. Поповски - Цветин вели дека весникот ја промовира и поддржува мироносната мисија со „Цвеќето на мирот“. Цветин досега подарил над 60.000 свои слики и организирал над 300 изложби во земјава и во Шведска, Полска, Германија, Италија, Канада, САД и во земјите од поранешна Југославија. Во 2009 година Поповски - Цветин беше номниниран за Нобелова награда за мир и беше меѓу петте кандидати од вкупно 205 кандидати. Во 2015 година создаде слика од 1001 метри. Ќе бидат изложени и артефакти од почетоците на „Нова Македонија“ - машина за пишување, фотоапарат, телефон... Наградата ќе биде доделена во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“. мд/вг/

Остани поврзан