Царовска на онлајн координативен состанок со околу 300 директори на училишта
- Министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва одржа координативен онлајн состанок со околу 300 директори на основните и средните училишта.
Скопје, 6 октомври 2020 (МИА) - Министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва одржа координативен онлајн состанок со околу 300 директори на основните и средните училишта.
Како што инфомира МОН, на состанокот се зборувало за одвивањето на наставата во услови на пандемија со физичко присуство и за функционирањето на онлајн-наставата.
- Директорите на координативниот состанок истакнаа дека основните и средните училишта успешно ја спроведуваат онлајн-наставата за повисоките одделенија, а наставата со физичко присуство за децата од прво до трето одделение се спроведува со почитување на протоколите и мерките за заштита, соопшти МОН.
Министерката Царовска истакна дека редовното одвивање на наставата е во интерес на учениците и нивниот развој и дека затоа е неопходно да се обезбедат сите услови за непречено одвивање на образовниот процес.
Царовска укажа дека заеднички да се надминуваат предизвиците како што се интернет-конекција и ИТ-уреди за што МОН е во постојана комуникација со локалните самоуправи. хс/дма/