• вторник, 24 декември 2024

Царовска: Концептот за дигитализација на образованието е етапен и овозоможува секој ученик да има учебник

Царовска: Концептот за дигитализација на образованието е етапен и овозоможува секој ученик да има учебник
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Концептот за дигитализација на образовниот процес не се воведува нагло, одиме етапно. Со овој концепт се обезбедува можност секој ученик, зависно од можностите и потреби, да има учебник. Учебниците се инклузивни за да се подобри еднаквоста, рече денеска министерката за образование Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. На прашање од пратеникот од Левица, Борислав Крмов околу новиот предлог Закон за учебници кои треба да обезбедат дигитализација на образовниот процес, Царовска посочи дека само четврто одделение наредната година ќе има комбиниран модел на учебници и материјали за учење. Дел од нив ќе бидат печатени, дел од нив ќе бидат овозможени во дигитална копија, дел од нив испечатени на брајово писмо, а за првпат како што рече, ќе има и аудио верзија од сите учебници, за да што поголем број на ученици имаат пристап до учебници. -Моделот е етапен и обезбедува можност секој ученик зависно од можностите и потреби да има учебник. Не знам колку знаете за еднаквост, и рамноправност но тоа не значи дека ако имате печатен учебник тој ги опслужува потребите на сите ученици. Токму затоа ги напоменав инклузивните учебници, затоа што сега со овој закон за првпат ја подобруваме еднаквоста, не ја влошуваме, додаде министерката. Како што рече, сиромаштија во нашата држава има, но вложено е и во најсиромашните. -Ако едно дете има само пристап до некаков учебник со квалитет кој што е сомнителен, и сите дискутираме со години за квалитетот на учебниците во основно и средно образование, денеска велиме имате можност за квалитетен учебник, ако немате можност да обезбедите електронски уред, во закон според обврска за првпат има можност да го обезбеди држава или училиште, рече Царовска. Министерката посочи дека интенција не е да ги испечатат учебниците, туку да обезбедат уреди за оние кои што никогаш не биле изложени на дигитализација, за да се подобри еднаквоста или да се намали нееднаквоста за учениците кои имаат ист учебник со таблет или лаптоп, и оние кои имаат пристап само до некавлитетен учебник. -Ова законско решение голицка и други елементи, а тоа се ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права на сите тие кои со години полнеа нечии џебови но никако не се грижеа да бидат тие учебници усогласени со програмите затоа што не предаваме учебник туку наставна програма, и постигнуваме резултати од учење предвидени во наставна проиграма и првпат ги имаме јасно позиционирани и достапни за грѓаните и наставниците, додаде Царовска.бт/дма/  

Остани поврзан