• вторник, 24 декември 2024

Во Скопје и Тетово запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари

Во Скопје и Тетово запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Во координирана акција на Царината, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден на пазарите во Тетово и Скопје запленети се 235,5 килограми режан тутун за кој е избегнати плаќање акциза во вредност од над половина милион денари. 

Од Царинската управа денеска соопштија дека во рамки на акцијата запленет е и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.

-Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување и пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.   

Посочуваат дека стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.фф/бак/

Фото и видео: Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан