• вторник, 24 декември 2024

Хутите нападнале грчки танкер во Црвеното море

Хутите нападнале грчки танкер во Црвеното море

Атина, 21 август 2024 (МИА) – Танкерот „Сунион“ на компанијата „Делта танкерс“ што плови под грчко знаме утрово бил нападнат со проектили од два мали чамци во Црвеното Море, во близина на Јемен, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на АНА-МПА од крајбрежната служба на Грција, танкерот претрпел мала материјална штета, а на бродот имало вооружено обезбедување.

„Катимерини“ пишува дека ударот бил во делот каде што се наоѓа моторот на бродот, по што избувнал пожар, а во однос на членовите на екипажот, станува збор за 23 лица од Филипини и двајца Руси. ср/сд/

Остани поврзан