• среда, 29 јануари 2025

Хусанов не требаше да игра против Челси, уште не е подготвен за ова ниво: Гвардиола си ја призна грешката

Хусанов не требаше да игра против Челси, уште не е подготвен за ова ниво: Гвардиола си ја призна грешката

Манчестер, 27 јануари 2025 (МИА) - Абдукодир Хусанов самошто го облече дресот на Манчестер Сити веднаш беше „фрлен во оган“ на натпреварот против Челси, а тренерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола смета дека згрешил што донел таква одлука.

Младиот Узбекистанец не даде се од себе, тој беше виновникот за првиот гол на лондонскиот тим, но искусниот шпански стручњак ја префрли вината врз себе.

-Не, Хусанов не требаше да биде на теренот. Тоа беше моја грешка. Тој штотуку пристигна во клубот, се уште не се сретнал со своите соиграчи, не почувствувал што значи дресот на Манчестер Сити и веќе доби шанса да игра на големо дерби во Премиер лигата против Челси. Тоа беше премногу за него, изјави Гвардиола.

Иако многумина мислеа дека овие зборови се насочени кон дебитантот, шпанскиот тренер нагласува дека тоа не е така и дека единствениот виновен во оваа ситуација е тој.

-Тој не е подготвен за ова ниво и навистина мислам дека згрешив што го ставив во тимот. Но, ова не е критика кон него, туку само и исклучиво кон мене. Тој работи напорно, има квалитети кои сигурно ќе ги покаже и поради кои дојде во Манчестер Сити, само во овој момент, по целосниот шок што му се случи, не беше подготвен, додаде Каталонецот.

Откако славеше во дуелот против Челси, Манчестер Сити ги надмина „сините“ и моментално го зазема четвртото место на табелата со 41 освоен бод, што е 12 помалку од лидерот Ливерпул, но само осум помалку од второпласираниот Арсенал. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан