• сабота, 23 ноември 2024

Хуркач избори свое прво Мастерс финале

Хуркач избори свое прво Мастерс финале
Мајами, 3 април 2021 (МИА) – Триесет и седмиот светски рекет Хуберт Хуркач ноќеска во полуфиналето на Мастерсот во Мајами го победи осмиот светски играч и четврти носител на турнирот Андреј Рублев со 6:3 и 6:4. Полскиот тенисер за првпат во својата кариера избори учество во едно Мастерс финале. Воедно тој ќе го игра своето трето АТП финале. Во Мајами, Хуркач победи четири играчи од Топ 20 играчи и двајца Топ 10. По завршување на турнирот Полјакот за првпат ќе влезе помеѓу најдобрите 25 тенисери во светот. Доколку победи ќе биде 16, во спротивно 25-ти на АТП ранг-листата. За трофејот во Мајами, утре Хуркач ќе игра со 19-годишниот Јаник Синер од Италија. зс/

Остани поврзан