Хуркач го совлада Медведев во финалето во Хале
- Полјакот Хуберт Хуркач го освои АТП тенискиот турнир во Хале, откако попладнево во финалето го совлада првиот носител, Русинот Данил Медведев, со 6-1, 6-4.

Хале, 19 јуни 2022 (МИА) – Полјакот Хуберт Хуркач го освои АТП тенискиот турнир во Хале, откако попладнево во финалето го совлада првиот носител, Русинот Данил Медведев, со 6-1, 6-4.
Хуркач до титулата дојде со фантастичен тенис и комплетно го надигра најдобриот светски тенисер.
Полскиот тенисер во финалето дојде до победата за 63 минути игра и ја освои петтата титула во кариерата, играјќи го своето петто АТП финале.
За Русинот Медведев ова беше 25 финале во кариерата и 12 пораз. ег/ар/