• вторник, 24 декември 2024

Хунтата во Мјанмар ја помилува Аунг Сан Су Чи во амнестијата на над 7.000 затвореници

Хунтата во Мјанмар ја помилува Аунг Сан Су Чи во амнестијата на над 7.000 затвореници

Јангон, 1 август 2023 (МИА) - Поранешната демократски избрана лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која беше приведена по соборувањето од власта со воениот удар од февруари 2021 година, е помилувана како дел од амнестијата на хунтата на повеќе од 7.000 затвореници поради будистичкиот пост, соопштија денеска државните медиуми во земјата, цитирани од француските медиуми.

„Претседателот на Државниот административен совет ја помилува Аунг Сан Су Чи, која беше осудена од соодветните судови, во согласност со одредбите за човекови права“, се наведува во соопштението. сд/

Остани поврзан