• среда, 25 декември 2024

Хуманитарната криза во Појасот Газа може да ескалира во масовен глад, предупреди Светската програма за храна на ОН

Хуманитарната криза во Појасот Газа може да ескалира во масовен глад, предупреди Светската програма за храна на ОН

Њујорк, 29 октомври 2024 (МИА) - Светската програма за храна на ОН повика на итна акција за да се спречи масовното гладување во Појасот Газа.

Организацијата предупредува дека хуманитарната криза наскоро ќе ескалира поради „строгите“ ограничувања на протокот на хуманитарна помош.

„Како што ситуацијата во северниот дел на Газа се влошува, се зголемува можноста поголема група луѓе да бидат погодени од глад доколку условите на теренот не се подобрат“, соопшти Светската програма за храна.

Таа повика да се отворат повеќе премини и да се гарантира безбедноста.

Соединетите Американски Држави отфрлаат „секој израелски обид да предизвика масовно гладување меѓу Палестинците во Џабалија или на кое било друго место“ во Појасот Газа, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

„Зборовите на Израел треба да бидат поткрепени со акции на теренот. Ова во моментов не се случува. Ова мора да се промени - веднаш“, рече таа пред Советот за безбедност на ОН. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан