• среда, 27 ноември 2024

Хуа: Кина ја поддржува истрагата на СЗО, но е против политизација на пандемијата

Хуа: Кина ја поддржува истрагата на СЗО, но е против политизација на пандемијата
Пекинг, 7 мај 2020 (МИА) - Кина соопшти дека ги поддржува напорите на Светска здравствена организација да го истражи потеклото на Ковид-19, како и оти е против обидите на САД и некои земји тоа прашање да се политизира и да се напаѓа Пекинг. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чинјанг коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја спореди епидемијата со Перл Харбор и нападите од 11 септември, истакна дека САД се борат против новиот коронавирус, а не со Кина. Таа за тврдењето на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, истакна дека тоа е уште една лага во неговите континирани напади врз Пекинг. - Кина е транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот, а американските политичари изнесуваат неосновани обвиненија против Кина, посочи Хуа. ми/

Остани поврзан