• вторник, 24 декември 2024

Хуавеј отвора сопствена фабрика за чипови

Хуавеј отвора сопствена фабрика за чипови
Пекинг, 2 ноември 2020 (МИА) - Кинеската технолошка компанија Хуавеј планира да отвори сопствена фабрика за чипови, како одговор на американските мерки кои опфаќаат ограничувања на чиповите, во чие производство се користи американска технологија, пишува Фајненшал тајмс (ФТ). Според изворите на ФТ, новата фабрика ќе биде отворена во Шангај и нема да користи американска технологија, со што ќе му овозможи на Хуавеј да се ослободи од зависноста од чиповите кои ги произведуваат САД и ќе обезбеди снабдување со потребните компоненти, и покрај ограничувањата од таа држава. Новата фабрика на почетокот ќе експериментира со производство на 45-нанометарски чипови. Таа технологија пред 15 години ја користеле светските лидери во таа област. Хуавеј има намера да започне со производство на напредни чипови од 28 нанометри до крајот на 2021 година и од 20 нанометри, кои можат да се употребуваат во повеќето 5Г апарати на Хуавеј, до крајот на 2022 година, наведува ФТ. Американското Министерство за трговија во август оваа година наметна ограничувања за 38 подружници на Хуавеј за пристап до производи создадени со помош на американска технологија и софтвер. гт/

Остани поврзан