• петок, 08 ноември 2024

Христов: Oна што се случува денес е спротивно од мислата на Делчев

Христов: Oна што се случува денес е спротивно од мислата на Делчев

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Ова е тежок ден, ден на смртта и ден за кој била платена висока цена. Цената на животот и слободата. Слободата е скапо нешто, веројатно најскапото нешто на светот.  Тоа е смрт за еден млад човек која ја платил со животот за слободата на сите, изјави денеска внукот на најмалиот брат на Гоце Делчев, диригентот Христо Христов, по положувањето на цвеќе пред гробот на Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

-Ние сме родени за да бидеме слободни, сите да сте живи здрави. Тој се бореше за слобода на луѓето. Тие кои биле тогаш живи, се борел за нив да не бидат раја, да имаат човечки живот. Голема тешкотија е, веројатно треба да продолжат да се борат Македонците за својата слобода. Таа е нешто што треба да се дише постојано, додека си жив, рече Христов.

Прашан дали со тензиите меѓу македонската и бугарската страна се зачувува мислата на Делчев дека „светот го гледа како поле за културен натпревар меѓу народите“, Христов рече дека она што се случува денес е токму спротивното од кажаното на Делчев.

Тој напомена дека има желба да направи мирен и културен проект кој вклучува музичари од двете држави.

-Моја лична желба беше на денешен ден да направиме мирен и високо културен проект кој вклучува музичари од двете држави и да ги изведат химните на двете држави, но и да отсвират нешто од последниот дел на деветтата симфонија на Бетовен, „Ода на радоста“ која всушност е химна на Европа, додаде Христов. бт/бак/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан