• вторник, 24 декември 2024

Хрватски медиуми: Тот бил претепан во ноќен клуб, видеоснимките се избришани

Хрватски медиуми: Тот бил претепан во ноќен клуб, видеоснимките се избришани
Загреб, 8 април 2022 (МИА) – Хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје. Според порталот „Вечерњи“, хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани. - Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Privilege“, а снимките се избришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата. Денис Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе. Родителите на 27-годишниот ракометар допатуваа во Скопје. Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот. зс/

Остани поврзан