• сабота, 23 ноември 2024

Хрватскиот сабор денеска ќе ја одржи последната седница во овој состав

Хрватскиот сабор денеска ќе ја одржи последната седница во овој состав

Загреб, 14 март 2024 (МИА) - Десеттото свикување на хрватскиот Сабор, конституиран на 22 јули 2020 година, по неполни четири години, денеска ќе ја заврши својата работа.

Новиот состав на хрватскиот Сабор ќе се избира на парламентарните избори на крајот на април или во мај, а кога ќе биде тоа ќе одлучи претседателот Зоран Милановиќ.

Покрај неговото распуштање, за што е потребна поддршка од 76 пратеници, во Парламентот ќе се изгласаат и измени во кривичната легислатива со кои како кривични дела се воведуваат фемицидот и неовластено објавување содржини од истражни и доказни дејствија, т.н. истекување на информации.

Опозицијата жестоко се спротивставува на овие измени. Неколку опозициски групи преку амандмани побараа бришење на спорната одредба, но владините претставници ги одбија сите. Собранието ќе гласа и за измените на Законот за плата и други материјални права на правосудните функционери, за измените на Законот за здравствена заштита и за потврда на договорот меѓу Хрватска и Италија за разграничување на економски зони. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан