• петок, 05 декември 2025

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава

Хрватскиот претседател  Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка - претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници.

Поради посетата на хрватскиот претседател Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан