Хрватска нуди финансиска поддршка за проекти на повратници и доселеници
- Министерството за демографија и доселување на Хрватска објави јавен повик во вредност од 200.000 евра, на кој непрофитни организации и поединци можат да се пријават за финансиска поддршка за проекти од интерес за повратници и доселеници од хрватската дијаспора.

Загреб, 17 февруари 2025 (МИА) - Министерството за демографија и доселување на Хрватска објави јавен повик во вредност од 200.000 евра, на кој непрофитни организации и поединци можат да се пријават за финансиска поддршка за проекти од интерес за повратници и доселеници од хрватската дијаспора.
Пријавите може да се поднесуваат во наредниот месец, односно до 17 март.
Министерството е подготвено финансиски да поддржи проекти за соработка со хрватската дијаспора со цел поттикнување на враќањето, како и проекти од областа на културата, образованието, вработувањето, економијата и спортот, кои ја олеснуваат интеграцијата на повратниците. Дополнително, ќе бидат поддржани и иницијативи за пренос на знаење од хрватските иселеници и нивните потомци во Хрватска.
Минималниот износ што може да се додели по проект е 700 евра, додека максималниот износ е 20.000 евра.
Деталниот список на услови за пријавување е достапен на веб-страницата на Министерството за демографија и доселување. ссм/
фото: архива