Хрватската кинопремиера на „Приказната за Силјан“
- Хрватската кинопремиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчеравечер во загрепското „Докукино КИЦ“. Хрватската кинопремиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Хрватската кинопремиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчеравечер во загрепското „Докукино КИЦ“. Хрватската кинопремиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб.

Како што информираат од македоницот КИЦ во Загреб, во преполната киносала публиката имаше ексклузивна можност да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика. Публиката беше суптилно и моќно освоена од древната легенда за Силјан штркот, оживеана во поетска, моќна и визуелно волшебна филмска приказна за идентитетот, корените и човештвото.

Свои обраќања пред проекцијата на филмот имаа раководителката на „Докукино КИЦ“, Дина Покрајац, и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која во своето обраќање изрази посебна благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“ и платформата „Волим документарце“, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кинопремиерата и дистрибуцијата во Хрватска на најновото филмско остварување на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“.вј/са/
Фото: Македонски КИЦ Загреб